spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација на...

Ѓорче Петров: Студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација на пракса во сениорскиот Центар „Пампурче“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, придружуван од директорката на градинката „Росица“, Даниела Темелкова, зааедно со професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација во рамки на Филозофскиот факултет, проф. др.Оливера Рашиќ Цаневска и проф.др.Горан Ајдински го посетија првиот центар во Република Македонија за сензорна интеграција и психомоторна реедукација кој неодамна беше изграден во градинката „Пампурче“ во Даме Груев.

Центарот е со три простории, секоја просторија е со различна намена, односно сетилна соба, психомоторен кабинет и сензорна интеграција со вкупно 60 елементи за изведување на ваков тип настава. Со овој центар, значително ќе им се помогне на децата за полесно интегрирање во основното оразование.

-Продуктивна посета, проследена со размена на меѓусебни искуства и идеи за подобрување на условите во предучилишна, но и училишна возраст за дечињата со атипичен развој и попреченост. Задоволство ми е што професорите од Институтот ни излегоа во пресрет во однос на работата на сензорниот центар, односно што ќе ни помогнат при правилно користење на елементите кај децата, и сето тоа, преку нивни студенти кои ќе го посетуваат центарот на пракса. Тоа ќе биде од голема помош за нас како општина, но пред се за наставниот кадар во градинката кој секојдневно работи со деца со атипичен развој во „Пампурче“, но и во други образовни институции – рече Стојкоски при посетата.

Ова, додаде е еден од предлозите за кои разговаравме.

-Се зборуваше и во насока на правилно интегрирање на децата и лицата со попреченост, генерално во образовниот систем, но и во секојдневието, со што што значително ќе им се олесни на родителите, воспитувачите, наставниците и стручниот кадар – подвлече Стојкоски. Поради се поголем број дечиња со попреченост во градинките, помошните простории кои претходно се користеле како помали простории за деца со попреченост во градинката „Пампурче“ се пренаменети и искористени за изградба на нов центар.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...