spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Медицински симулациски центар единствена овластена институција за обуки за дефибрилатор

МЗ: Медицински симулациски центар единствена овластена институција за обуки за дефибрилатор

Согласно измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита објавени во Службен весник на РСМ бр. 74/24 од 02.04.2024 година, установата Медицински симулациски центар-МСЦ е надлежна како единствена овластена институција да врши обуки за основно одржување во живот со користење автоматски надворешен дефибрилатор на медицински и немедицински персонал, односно на сите лица кои имаат законски задолжителна обврска.

Медицинскиот симулациски центар располага со потребниот простор, кадар од над 85 едукатори, како и опрема за организирање и спроведување на овие обуки.

Со овие законски измени е предвидена обврска за правните лица кои имаат здравствени пунктови и лицата кои што ќе ракуваат со дефибирлаторите да поминат обука согласно програма за основно одржување на живот со користење автоматски надворешен дефибрилатор за укажување медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба.

Повеќе информации се достапни на веб страницата на Медицински симулациски центар, на следниот линк: https://msc.gov.mk/?p=2023.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте