spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Реализирана акцијата за хортикултурно уредување на новиот инклузивен парк во Пионерскиот...

Гевгелија: Реализирана акцијата за хортикултурно уредување на новиот инклузивен парк во Пионерскиот дом

Во инклузивниот паркот, којшто се гради во дворот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и е во завршна фаза, се реализираше акција за хортикултурно уредување. Во организација на Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје, имено и донатор на паркот, се посадија дрвца и зимзелени грмушки. Во акцијата учествуваа: градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; амбасадорот на Словенија, Н.Е. Грегор Прескер со сопругата Елвира; Јоланта Гжелич, сопруга на амбасадорот на Полска; Катарзина Самоцук, конзул во Амбасадата на Полска и Жанет Маркушова, сопругата на амбасадорот на Словачка. Покрај нив, свој придонес во хортикултурното уредување дадоа и голем број претставници и членови на Здруженијата на лица со попреченост, Фондација „Ице Бегов“ , Фондација „Аполонија“, Дневните центри за лица со попреченост, Планинарскиот клуб „Кожуф“ и ЛАГ „Бојмија“.

– Во одлична атмосфера заеднички испративме порака дека останувуваме посветени на создавање квалитетна животна средина. Модерното и динамичното живеење создава потреба од обезбедување повеќе простор за одмор и рекреација, а наша обврска е обезбедување на истите. Местото на стариот дом во Пионерскиот дом забрзано се претвора во урбано уредена зелена површина со реквизити за деца. Чест е да се соработува со Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје. Досега, имаат дадено огромен придонес за нашиот град. Тие важат за пример којшто треба да ни служи во поглед на создавање квалитетни општествени вредности, истакна градоначалникот Сарамандов.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...