spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Извор: Град Скопје

Прочитајте