spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Во организација на Градот Скопје и средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ се реализира завршната изложба на средношколските годишни проекти. Изложбата ја отвори градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која истакна дека заедничката реализација на проектите посветени на знаењето, креативноста, талентот и вештината на нашите средношколци, искажани низ образовните и воннаставните активности во текот на училишната година се огромен успех за учениците, родителите и наставниот кадар.

Изложбата е одлична можност за учениците да ги презентираат своите вештини, креативност и знаење пред пошироката јавност, но и сопствената визија за просторниот и урбан развој.

Учениците од ова скопско средно стручно училиште ги презентираа нивните годишни училишни проекти од областа на архитектурата, градежништвото и геодезијата. Со своите дела од областа на уредувањето, внатрешниот дизајн и иновативните предлог проекти, вешто користејки повеќе техники, макети и ликовни трудови изработени од талентираните ученици,тие на најдобар начин го презентираат својот огромен потенцијал.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Бутел: Голема Еко Акција на Скопска Црна Гора

0
По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“ градоначалникот Дарко Костовски се приклучи на...