spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Реконструкција на оштетените клупи на плоштадот Дафина

Карпош: Реконструкција на оштетените клупи на плоштадот Дафина

Општина Карпош повторно испрати екипи на теренот за да ја санираат оштетената урбана опрема на плоштадот Делфина во населбата Влае, која тенденциозно се уништува во изминатиов период. Имено, во последниве два месеци локалната самоуправа интервенирала на оваа локација дури четири пати, со цел да ги врати демолираните реквизити во првобитна состојба.

Бидејќи девијантното однесување на несовесните граѓани не запре, стручните служби од Општината испратија официјален допис до полициската станица Карпош, при што побараа поголемо присуство на полициските службеници во тој реон, особено во подоцнежните часови. Со оглед на тоа што станува збор за инвентар којшто е во јавна сопственост на сите жители на општина Карпош, апелираме до граѓаните да се однесуваат примерно и совесно да ја користат урбаната опрема (клупи, корпи за отпадоци и сл.) бидејќи истите се поставени да служат за нивно плодоуживање.   

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Бутел: Голема Еко Акција на Скопска Црна Гора

0
По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“ градоначалникот Дарко Костовски се приклучи на...