spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Муцунски- Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект

Аеродром: Муцунски- Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект

Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.

„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...