Обележувањето на хоризонталната сигнализација во градот Делчево планирано за овој период се реализираше согласно склучениот Договор со изведувачот АТС Инженеринг од Велес, при што хоризонталната сигнализација беше обновена на крстосниците помеѓу улиците од примарната улична мрежа во градот, како и пешачките премини, стоп линиите, разделните линии и останатите ознаки на коловозите преку кои се овозможува навремено и точно известување на учесниците во сообраќајот за начинот на водење на сообраќајот низ градот Делчево. За оваа активност се наменети околу 320 000 денари без ДДВ од буџетот на Општина Делчево.
Исто така преку склучените Договори со изведувачот Технодидакта Штип и АТС Инженеринг на локацијата кај новоизградениот Градски пазар, покрај хоризонталната беше поставена и вертикална сигнализација преку која се означени: начинот на паркирање, категориите на возила за кои е наменето паркирањето, такси стојалиште, паркирни места резервирани за лица со посебни потреби, пешачките премини како и крстосувањата со улиците. Со имплементацијата на сообраќајното решение за оваа локација се очекува зголемување на безбедноста и нивото на услуга на сите учесници во сообраќајот. За оваа намена согласно склучените Договори се реализирани околу 180 000 денари без ДДВ обезбедени од буџетот на Општина Делчево.
Извор: Општина Делчево