spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Реализирано обележувањето на хоризонталната сигнализација

Делчево: Реализирано обележувањето на хоризонталната сигнализација

Обележувањето на хоризонталната сигнализација во градот Делчево планирано за овој период се реализираше согласно склучениот Договор со изведувачот АТС Инженеринг од Велес, при што хоризонталната сигнализација беше обновена на крстосниците помеѓу улиците од примарната улична мрежа во градот, како и  пешачките премини, стоп линиите, разделните линии и останатите ознаки на коловозите преку кои се овозможува навремено и точно известување на учесниците во сообраќајот за начинот на водење на сообраќајот низ градот Делчево. За оваа активност се наменети околу 320 000  денари без ДДВ од буџетот на Општина Делчево.

Исто така преку склучените Договори со изведувачот Технодидакта Штип и АТС Инженеринг на локацијата кај новоизградениот Градски пазар, покрај хоризонталната беше поставена и вертикална сигнализација преку која се означени: начинот на паркирање, категориите на возила за кои е наменето паркирањето, такси стојалиште, паркирни места резервирани за лица со посебни потреби, пешачките премини како и крстосувањата со улиците. Со имплементацијата на сообраќајното решение за оваа локација се очекува зголемување на безбедноста и нивото на услуга на сите учесници во сообраќајот. За оваа намена согласно склучените Договори се реализирани околу 180 000 денари без ДДВ обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска...

0
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2024 година. Корисниците...