Врз основа на член 60 од Законот за основно образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 161/2019 и 229/2020), основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се организира во три периоди.
Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2024 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2018 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2019 година. Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај 2024 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.
Извор: Општина Гевгелија