spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Клубовите од општинскиот фудбалски сојуз добија нова опрема

Охрид: Клубовите од општинскиот фудбалски сојуз добија нова опрема

Согласно Програмата за спорт за 2024 година, од буџетот на Општина Охрид беа доделени средства на Општинскиот фудбалски сојуз за набавка на нови дресови за седум фудбалски клубови.

Градоначалникот Кирил Пецаков во СРЦ „Билјанини Извори“ имаше работен состанок со претставниците на клубовите на кои им беше предадена новата спортска опрема. На средбата се разговараше за понатамошната соработка на локално ниво и потребните услови за функционирање на клубскиот фудбал во Охрид.

Градоначалникот Пецаков истакна дека Локалната самоуправа, како и до сега ќе продолжи да дава поддршка на спортот,  развојот на сите спортски дисциплини и подобрување на спортската инфраструктура.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...