spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката Данела Арсовска со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“  и АД Стопанска банка Скопје во заедничка еко акција засадија 180 дрвја на булеварот 8 Септември во општината Карпош.

Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на зазеленување со дрвја и садници на целата територија на градот, со цел уредување нови зелени површини, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето.  Општествено одговорните компании со еко заложби и континуирана поддршка учествуваат во зазеленувањето на јавните површини во Скопје, со цел заштита и унапредување на животната средина.

Во текот на изминатиот период, градоначалничката Арсовска заедно со ученици од скопските средни училишта засадија над 1000 дрвја и садници во парк шумата Гази Баба и Водно, а се реализираше и голема акција за садење и уредување на зелените коридори по скопските булевари.

https://www.facebook.com/v3.1/plugins/share_button.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df75e8a10d79b474e4%26domain%3Dskopje.gov.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fskopje.gov.mk%252Ff352e31ac3b8d8c11%26relation%3Dparent.parent&container_width=363&href=https%3A%2F%2Fskopje.gov.mk%2Fmk%2Fvesti%2F2019%2Feko-akcija-8-sept%2F&layout=button&locale=en_US&mobile_iframe=true&sdk=joey&size=large

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...