HomeСамостојни органиДКСК: Средба со Националниот демократски институт (НДИ)

ДКСК: Средба со Националниот демократски институт (НДИ)

spot_img
spot_img

Претседателката Татјана Димитровска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) остварија работна средба со претставници од Националниот демократски институт (НДИ).

На средбата претставниците на НДИ информираа за  активностите поврзани со реализација на проект за спречување на корупцијата на локално ниво, кој е планирано да се спроведе во соработка со неколку партнери институции меѓу кои е и ДКСК. Проектот ќе се реалиизира во неколку општини, а целта е да се воспостават механизми преку кои ќе се намалат можностите за корупција на локално ниво.

Преставниците на НДИ, исто така, информираа и за проектот кој ќе го раелизира НДИ во соработка со здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“, во рамки на кој ќе се анализира финансирањето на политичките партии, јавните набавки и вработувањата, пред и по изборните процеси, преку анализа на јавно достапните податоци, а со цел утврдување на системските слабости.

Претседателката Димитровска ја искажа подготвеноста за учество на ДКСК во проектите, пришто беше договорено дополнително да се дефинира улогата на ДКСК во истите.

Претседателката и членовите на ДКСК ги запозна претставниците на НДИ со активностите во однос на спроведување на законските надлежности  на ДКСК поврзани со следење на изборниот процес, како и со предвизвиците со кои се соочува, имајќи ги во предвид ограничените кадровски и технички капацитети.

На средбата стана збор и за можностите за обезбедување на поддршка од страна на НДИ во насока на зајакнување на институционалните капацитети на ДКСК.

Обострано беше искажано задоволството од средбата како и подготвеноста за меѓусебна соработка.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија