spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики и...

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики и носење одлуки

Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на младите и за јакнење на демократските капацитети во нивната заедница. Младите треба да бидат активни и ангажирани затоа што нивното учество го гледаме како дел од решенијата за подобар и побезбеден свет.

Земајки ги во предвид специфичните потреби, барања и интереси на младите од локалната заедница Агенцијата за млади и спорт преку реализација на проектот “Поддршка на младинското учество во животната средина и климатските промени ” финансиски поддржан од УНИЦЕФ , започнува со реализација на вториот циклус од проектот во кој се опфатени 6 општини кој ќе се реализира во текот на годината. На 17.04.2024 беше одржан првиот координативен  состанок со службениците за млади од одбраните општини кои беа запознаени со проектните активности и цели. На состанокот беа присутни и  службениците за млади од општините Берово, Новица Печински  и од Гевгелија, Петар Јанчев кои беа дел од првиот циклус на проектот и ги пренесоа своите искуства од реализација на проектот во нивните општини.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....