spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Обука за службеници за млади за младински политики

АМС: Обука за службеници за млади за младински политики

Агенцијата за млади и спорт ја реализира Обуката за службеници за млади за младински политики и младинско учество, во Хотел Сириус, Струмица, од 16 до 18 април 2024 година, на која се опфатени темите: Нивоа и практики на младинско учество, ефективен локален младински совет; Младинска политика во Република Северна Македонија; Локални политики за млади; Улогата на службениците на млади во спроведувањето на политиките за млади  и др.

Активно учество во обуката зедоа службеници за млади и претставници на Локалната самоуправа од околу 30 – тина општини.

 Оваа обука е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во рамките на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир имплементиран од страна на УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте