spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со програмската активност ,,ЕВРОПСКИ МЕСЕЦ НА КРЕАТИВНОСТА,,

На 10.05.2024 со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1, во ЈУ Културно Информативен Центар ќе биде отворена групната изложба насловена:

„Четирите мајстори на модернизмот“

Групна изложба на студенти од осмиот семестар на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.


Изложбата ќе биде поставена до 31.05.2024 година.

Почеток 20:00 часот

Локација – ЈУ Културно Информативен Центар

Извор: Град Скопје

Прочитајте