spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Џафери: Северна Македонија, европска земја со европски вредности и стандарди за...

Премиерот Џафери: Северна Македонија, европска земја со европски вредности и стандарди за сите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија присуствуваше и се обрати на Гала настанот со кој се одбележува отворањето на новата музичка сцена во Тетово, односно, основањето на најновата институција на Албанците, Националната установа Музички ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово.

Основањето на оваа установа претставува реализација на долгогодишното барање на кадрите кои откако ќе завршеа факултет по музика, немаа каде да го продолжат својот професионален пат. Сега, во рамките на оваа установа во која ќе се негува и развива вокалната и инструменталната сериозна музика, како и популарната и џез музика, ќе можат да го негуваат и усовршуваат својот талент и својата пасија сите љубители на овој жанр.

Премиерот Џафери имаше свое поздравно обраќање на настанот и притоа, истакна дека – „оваа национална културна институција ќе го збогати културниот живот во Тетово, меѓутоа и во земјата“.

Меѓу другото, премиерот Џафери информираше за очекуваното донесување на одлука на Владина седница на предлог на Министерството за култура со која на оваа установа и се доделуваат на трајно користење простории кои се сега во државна сопственост, пришто додаде дека – „со основањето на Музичкиот ансамбл, придонесуваме кон подобрувањето на демократската рамноправност во нашата заедничка држава, Република Северна Македонија и во оваа област од општествениот живот“.

Извор: Влада

Прочитајте

АПЈ: Започна обуката на преведувачи и лектори по албански јазик

0
Како и претходните години, така и оваа година започна обуката на административни службеници, кои работат како преведувачи и лектори на албански јазик во нивните...