spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Се финализира доградбата на ООУ „Коле Неделковски“

Центар: Герасимовски – Се финализира доградбата на ООУ „Коле Неделковски“

Со поставување на фасадата привршуваат градежните работи на доградбата на ООУ „Коле Неделковски“ со што ќе се прошират капацитетите на ова центарско училиште. Во делот што е дограден ќе има 6 училници, од кои 4 ќе бидат за настава, ќе има 2 кабинета, ќе има една библиотека и една простории за администрација.

Поставена е и рампа за лица со попреченост, а во тек е и поставување на лифт за лица со инвалидитет, а во приземјето ќе има и тоалет наменет за нив. Работата на фасадата треба да заврши за дваесетина дена со што дополнителниот дел ќе се вклопи во целосниот лик на училиштето.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот кој треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември.

„Со доградбата на капацитетите се отвора простор за 100 нови ученици кои наставата ќе ја следат во училници кои се соодветни на модерните услови во кои треба да се одвива образованието. Инклузивноста е клучна. Преку рампата и лифтот за лица со попреченост ќе имаат непрeчен пристап во училиштето’’, рече Герасимовски.

Проширувањето на капацитетите во ООУ „Коле Неделковски“ се изведува согласно сите современи стандарди, дел од фасадата е структурална, а прозорците се алуминиумски со висок квалитет. Оваа инвестицијата во училиштето е прва после 66 години од неговото отворање. Општина Центар ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за воспитување и образование на децата според модерни, европски и светски стандарди.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....