HomeСамостојни органиАФПЗРР : Реализирана исплатата за органско производство, за вршење на земјоделска дејност...

АФПЗРР : Реализирана исплатата за органско производство, за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци и директните плаќања за заклани бројлери

spot_img
spot_img

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на финансиска поддршка по повеќе мерки.

           

Исплатени се 781 органски производител со финансиска поддршка од 103.5 милиони денари. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и сточарско органско производство согласно Законот за органско земјоделско производство.

           

Со финансиска поддршка од 91.2 милиони денари се поддржани над 9400 земјоделци кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.

           

Исплатена е и дополнителната помош за земјоделски стопанства чиј носител е регистриран вршител на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување. Со поддршка од 131.1 милиони денари се опфатени 3500 регистрирани земјоделци.

           

Земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во периодот од октомври 2022 до септември 2023 година добија финансиска поддршка од 16.1 милиони денари со кои се опфатени 4 корисници кои се занимаваат со бројлерско производство.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија