spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: „Гевгелиски велотлон 2024“

Гевгелија: „Гевгелиски велотлон 2024“

По вторпат во општина Гевгелија се одржа спортскиот настан „Гевгелиски велотлон“, во организација на АДМ „Гевгелија“- Гевгелија. И, годинава, „Гевгелиски велотлон“ со натпреварувачки карактер привлече голем број спортиски и рекреативци од Гевгелија и другите градови во Македонија. На off road патеката во месноста „Курија“, околу педесетмина натпреварувачи возеа велосипед, трчаа и совладуваа препреки.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го изрази своето задоволство од одржувањето на овој спортски настан, поддржан од Општина Гевгелија и им честиташе на организаторите за подготовките и реализацијата. Притоа, истакна дека го радува фактот што патеката „Курија“ во близина на Негорски Бањи, којашто беше трасирана за 1. „Гевгелиски велотлон“, секојдневно ја користат рекреативци. Пред одржувањето на настанот, Сарамандов направи обиколка по патеката заедно со организаторот, констатирајќи дека оваа спортска манифестација треба да биде настан на високо и професионално ниво, успешен и репрезантивен за општина Гевгелија.

Имено, на „2. Гевгелиски велотлон“, најдобри во машка конкуренција, во категорија 3 мажи беа Оливер Чекрлиќ, освојувајќи го 1. место, Влатко Семенаков- 2. место и Влатко Лозановски- 3. место. Во категоријата 2, првак е Мите Досков, а во категорија 1- Костадин Спиров.

Во женската конкуренција, најдобри беа Анита Величковска натпреварувајќи се во категорија 3, Павлинка Карајанова- категорија 2 и Јована Дичева- категорија 1.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...