spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Костадинов - Социјалната населба е најголемиот капитален проект и од финансиски...

Струмица: Костадинов – Социјалната населба е најголемиот капитален проект и од финансиски и од социјален аспект

При крај се градежните работи од првата фаза во Социјалната населба којашто претставува најголем капитален проект за Струмица и од финансиски и од социјален аспект. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска со соработниците и членови на Советот на општина Струмица извршија увид во досегашната и тековната реализација на градежните активности.

-Донесовме храбра и тешка одлука заедно со Советот на општина Струмица за да имаме конечна дислокација на дивоградбите од долното и горното Турско маало и беше поставено прашањето каде е соодветно сите 118 куќи од долното Турско маало да ги преселиме и заедно со граѓаните одлучивме дека овде во горното Турско маало е идеалното место каде што може тоа да се направи. Еве гледаме дека првата фаза е при крај во којашто имаме поставено фекална и атмосферска канализација, денеска се работи на поставување на првиот слој асфалт и се надевам дека деновиве ќе завршиме и со вториот слој асфалт за комплетно да биде решена патната инфраструктура, од едната страна на улицата е поставено и уличното осветлување. Заради транспарентното работење вреди да се спомне дека оваа фаза чини 100 милиони денари кои ги обезбедивме преку Владата на Македонија, а за втората фаза има распишано јавна набавка за избор на проектант и очекувам дека деновиве ќе имаме избор и ќе почнеме со проектирање. Станува збор за куќите коишто ќе бидат изградени овде и после следува третата најважна фаза селидба или дислокација на долното Турско маало. Сакам да пуштам порака до граѓаните да бидат трпеливи и ќе бидат ова достоинствени домови за нив и очекувам поддршка од целото население затоа што ова е навистина огромен потфат не само за турското маало, туку и за цела Струмица, изјави градоначалникот Костадинов.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...