spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Разеленување со 200 нови дрвја

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење во сите урбани заедници, во кои се предвидени да се засадат вкупно 200 листопадни и зимзелени дрвја и тоа: црвен јавор, каталпеа, зелен јавор,фотинија дрвја, туја пликата, црвена слива, цветен пепел, црвен костен, црвена гума (ликвдамбар),  и јапонска цветна цреша.

               

Во оваа прилика, претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, се обрати и ги соопшти информациите за пролетното зазеленување.

-Од денеска, започнуваме со пролетното садење на дрва, а наесен ќе се врши замена на старите дрвја на територија на Општина Карпош. Се работи за програма која функционира подолго време на територијата на Општина Карпош, која традиционално успешно се спроведува. Затоа Карпош е меѓу нај зелените општини, ако не и нај зелената Општина во оваа држава. При пролетното садење ќе се засадат нови 200 дрвја, а се работи за повеќе видови на стебла. – заврши Петров.

Од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 1.500.000 денари за целата година, а кои се наменети за набавка на афтохтони и алохтони висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, додека пак за пролетното садење, Општината издови средства во висина од 500.000 денари.

Локалната самоуправа е Општина посветена на создавање нови зелени површини, бидејќи вложувањето во животната средина е трајна придобивка за сите сегашни и идни генерации.

https://youtube.com/watch?v=oKfylWQyLog%3Ffeature%3Doembed

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...