spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ од Котор: Европеизацијата на државата со Планот за раст мора да...

Маричиќ од Котор: Европеизацијата на државата со Планот за раст мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин

По министерскиот состанок за Планот за раст,  првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во видео изјава за медиуми ја нагласи важноста за Планот за раст на ЕК за  Западен Балкан.  

Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на првиот вицепремиер Маричиќ: 

„Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.Во една реченица тоа е главната порака од Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и на министрите за финансии од земјите од регионот со највисоките претставници на Европската Комисија и на финансиските институции на ЕУ задолжени за успешна и навремена имплементација на Планот за раст.Како носечки ресори во Владата на Северна Македонија за Планот за раст, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии, ги презентираа приоритетите од Реформската агенда утврдени како наша обврска во Планот.Од ЕУ имаме високи признанија за тие приоритети и тие се усогласени и со приоритетите на Брисел. Веќе се договорени и усогласени нашите обврски за Пристап до единствената област за плаќање во евра, за Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.Утврдени се и следните чекори. 

Еден од нив е работата на проектите за Академија за единствен пазар за да се осигура дека националните системи целосно се усогласуваат со оние на ЕУ. Од исклучителна важност е прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.Како трет приоритет до следната средба е договорено да работиме на придружувањето на земјите од Западен Балкан кон Алијансата на ЕУ за критични лекови и медицинска опрема за зајакнување на националните здравствени капацитети.За сето ова должиме благодарност до ЕК за постигнатите цели досега и за нивната тесна соработка со нашите институции.

Посветеноста на ЕУ за забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан и на Северна Македонија е силен поттик за нас на ниту еден начин да не го опструираме овој процес. Станува збор за процес за брза европеизацијата на државата којашто мора да продолжи според веќе утврдените планови и приоритети за просперитет на секој граѓанин, на Северна Македонија и на регионот и Европа.“

Извор: Влада

Прочитајте