spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Еднодневна работилница во склоп на проектот,,Воведување на неавтохтони медоносни растенија во...

Неготино: Еднодневна работилница во склоп на проектот,,Воведување на неавтохтони медоносни растенија во пчеларството“

На ден 23.03.2024 година во Апицентарот на Пчеларското здружение ,,Неготински мед,,-Неготино во с.Вешје се одржа еднодневна работилница во склоп на проектот,,Воведување на неавтохтони медоносни растенија во пчеларството,,при што активно учество зедоа 15 членови.Едукатори беа реномираните пчелари и научни работници Проф.Д-р Благој Иванов со тема ,,Медоносните растенија,,-негова докторска дисертација, со тенденција за воведување на неавтохтони видови за поквалитни приноси од пчелни производи.

Свое успешно излагање во вториот дел имаше М-р Јане Марков-Претседател на пчеларската федерација со тема ,,Актуелни состојби во пчеларството,,, можни мерки за спречување на заразните и паразитарните болести,како и зачувувањето и подобрувањето на целокупниот биодиверзитет.Како практична ангажираност беа посадени 100 садници од јапонски медоносен багрем -софора.

Извор: Општина Неготино

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...