spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Во тек е реконструкција на улица во Војшанци со должина од...

Неготино: Во тек е реконструкција на улица во Војшанци со должина од 250 метри

Во селото Војшанци во тек се градежни активности за реконструкција на улица лоцирана пред мостот со должина од 250 метри.

Проектот се реализира врз основа на договорот склучен помеѓу Владата на РМ како инвеститор, ТАВ Македонија како финансиер, ТАВ ТЕПЕ АКФЕН како изведувач на работите и општина Неготино како корисник на средствата од проектот.

Вкупната вредност на договорот е 3.883.808 денари со вклучен ДДВ, надзорот на работите го врши Вертекс архитектура ДОО Скопје, а градежните работи се предвидува да завршат во рок од 2 месеци.

Извор: Општина Неготино

Прочитајте

Илинден: Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина ”

0
Општина Илинден и оваа година ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на...