spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на стадионот

Илинден: Изградба на стадионот

Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна со изградба на фудбалскиот стадион во Илинден, кој ќе се реализира во неколку фази.

Во рамки на проектот во првата фаза ќе се изврши целосна промена на фудбалскиот терен со негово проширување и поставување на нова вештачка трева, поставување на дренажа и одводнување на фудбалскиот терен, со што ќе се добие професионална подлога за одржување на фудбалски натпревари. Дополнително со проектот е опфатено да се изградат соблекувални, административни и помошни простории, нова трибина со капацитет од околу 1000 гледачи, осветлување на фудбалскиот стадион, изградба на заштитна ограда околу стадионот, партерно уредување на просторот со паркинг места како и хортикултурно уредување на просторот на околу стадионот.

Увид на работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата се одвива со предвидената динамика, и истакна дека граѓаните на општина Илинден и фудбалерите ќе добијат модерен и квалитетен фудбалски стадион на којшто ќе можат да се одржуваат натпревари од највисок ранг согласно критериумите и правилата на УЕФА.

Согласно предвидената динамика и активности сите овие градежни работи се планираат во фази да бидат реализирани до крајот на 2025 година. Изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден е уште едно исполнето предизборно ветување пред граѓаните на општина Илинден, на градоначалникот Георгиевски.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...