spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски и раководството на Централна Кооперативна Банка садеа дрвца...

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски и раководството на Централна Кооперативна Банка садеа дрвца во паркот во 11 Октомври Бараки

Во заедничка акција со раководството на Централна Кооперативна Банка, денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски садеше дрвца во паркот во 11 Октомври Бараки. Едновремено беше поставена и нова урбана опрема, обезбедувајќи удобна и пријатна средина за сите граѓани кои тука можат да одмараат и да се рекреираат.

-Денес, заедно со раководството на Централна Кооперативна Банка, сме во новоизградениот парк во населбата 11 Октомври Бараки, каде садиме дрвца и поставуваме нови клупи. Дополнувањето на зеленилото и содржините во оваа нова локација за одмор и рекреација придонесуваат кон зголемување на естетскиот и еколошкиот аспект, но и кон креирање на удобно место за одмор на нашите граѓани, кои, се надевам често ќе го посетуваат во своето слободно време. Нашата јасна визија и ангажман за зголемување на зелените површини и урбаната опрема во општина Кисела Вода е евидентна преку изградбата на 15-тина паркови и спортско-рекреативни центри во овие 2.5 години и ова е нешто што ќе продолжи да се случува со зголемена динамика на работа. Сакам да се заблагодарам на Централна Кооперативна Банка за нивниот придонес кон унапредувањето на  квалитетот на живот на нашите жители. Се надевам дека оваа соработка, како чин на општествена одговорност ќе биде инспирација и за останатите деловни субјекти и дека ваквиот начин на вложување во развојот на општината, во иднина. ќе стане стандард за соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...