spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски додели ваучери за летување за победниците на општинската лига...

Кисела Вода: Ѓорѓиевски додели ваучери за летување за победниците на општинската лига во футсал од ООУ “Круме Кепески

Екипата од ООУ “Круме Кепески”, која е победник на општинската лига во футсал бесплатно ќе летува во Охрид, како награда од Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орца Ѓорѓиевски денес им честиташе на младите спортисти, им го врачи ваучерот и им посака уште многу понатамошни успеси.

-Сакам да ви честитам, пред се’, за покажаната одлична игра, за цврстиот карактер и посветеноста без кои ваквиот успех немаше да биде можен. Наградата која ви ја обезбедува Општина Кисела Вода е само поттик за нови добри резултати за кои сум сигурен дека ќе ги постигнете. Вистинската награда е она што вие веќе сте го избрале како патека, вложувајќи во себе, градејќи се во силни личности кои во иднина ќе ја градат нашата држава. Од Кисела Вода имало и има многу спортски легенди и ваша задача е да го дадете својот максимум и да ни обезбедите тим за кој во иднина ќе навиваме и на кој ќе бидеме горди како нација-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој разговараше и со тренерот на тимот, наставникот по физичко воспитување Игор Зафировски кој го информираше дека оваа екипа сочинета од осмо и деветтоодделенци веќе им помага на новите таленти од училиштето од пониските одделенија. Го искажа своето задоволство од начинот на кој се однесуваат на теренот и надвор од него и потенцираше дека во нив гледа многу идни успешни спортисти. Благодарност за поддршката од Општина Кисела Вода и од покажаните резултати изрази и помошник тренерот, наставникот Горан Андоноски.

На настанот, присуствуваше и претседателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода, м-р Дејан Стоимановски, како и членот на управниот одбор д-р Благоја Кечовски. Со градоначалникот разговараше и капитенот на тимот Матеј Ивановски кој во име на тимот му се заблагодари за наградата и кажа дека успехот се должи на сплотеноста на играчите и дека се надева дека и наредната година ќе имаат одлични резултати.    

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Се реализираше примопредавањето на премиерската функција

0
Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигнувањето,...