spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Шесто место за Петрушев од ЕП во кајак на диви води

АМС: Шесто место за Петрушев од ЕП во кајак на диви води

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за најуспешниот македонски кајакар Ангел Петрушев, на кој присуствуваа и претседателот на кајак федерацијата Дрилон Леши и тренерот Димче Стефановски. Најдобриот македонски кајакар, четвртопласираниот од последното Европско младинско првенство, продолжува со успех и во сениорска категорија. Четирикратниот победник на ИКАС, 20 годишниот Ангел Петрушев оствари уште еден одличен резултат на Европското сениорско првенство во кајак на диви води.

Тој го освои извонредното шесто место во Словенија (Тацен) одкако за само една секунда му избега бронзениот медал. Во конкуренција на 60 натпреварувачи од 26 земји обезбеди пласман во финалето одкако во полуфиналето технички извонредно и без казнени поени ја совлада патеката.


Со ова остварување Петрушев покажа дека е сериозен кандидат за учество на Олимписките игри во Париз.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...