HomeСамостојни органиАМС: Европско сребро во карате за Михаела Мишовска

АМС: Европско сребро во карате за Михаела Мишовска

spot_img
spot_img

На годинешното Европско првенство за сениори во Задар, Хрватска во конкуренција на 491
каратист од 51 држави, Михаела Мишовска постигна одличен успех освојувајќи го сребрениот
медал.


Од таа причина Агенцијата за млади и спорт организира прием за поголемиот дел од карате
тимот и стручните лица, на кој беа претставени импресиите од ЕП, но стана збор и за идните
очекувања на македонските каратисти.
Мишовска со само 18 години, во категоријата до 50 килограми, до освојувањето на сребрениот
медал забележа четири победи, и тоа на дуелите со Ерминија Пефето (Италија, резултат 7-7),
Маријами Васадѕе (Грузија, 5-4), Корал Амос (Израел, 2-2), Стилијани-Елени Цилија (Грција, со
4-1 во полуфиналето со што уште еднаш покажа дека е голем потенцијал за женското карате
во Македонија.


Од другите македонски претставници на континенталниот шампионат во Задар, Петар
Заборски (категорија до 75 килограми) во борбата за бронзениот медал не успеа да го победи
Тијаго Дуарте од Португалија и се пласира на петтото место, а машките тимови во кумите и во
кати се пласираа на седмото место.


Голем успех за Македонија, за македонскиот спорт, со што се вмешавме меѓу 10-те најдобри
земји од вкупно 51 земја-учесник и вкупно 600 натпреварувачи.


Можеме да жалиме затоа што не се вративме со два медала во Македонија и уште еднаш да
оправдаме зошто каратето е спорт број еден и најтрофеен сите овие години во континуитет во
Македонија. Пласман имаме и со машкиот тим во ката и во борба.


Македонскиот карате тим го очекуваат големи натпреварување во периодот што следи, како
Балканското во Солун за кадети, јуниори и У21, иако посебен акцент се става на светското
младинско првенство закажано за октомври во Венеција, од каде се очекуваат нови медали.

Извор: Агенција за млади и спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија