spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Николоски во Брисел на 10-от Економски и финансиски дијалог со ЕУ...

МФ: Николоски во Брисел на 10-от Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за напредокот во евроинтеграциите, РС Македонија во 2023 со најдобра оценка

Спроведување на веќе усвоениот Буџет за 2024 година, исполнување на поставените фискални цели и навремено носење на новиот Буџет за 2025 година  во согласност со фискалните правила од новиот Закон за буџети се дел од препораките за РС Македонија од заедничките заклучоци од десеттиот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и земјите кандидати за членство, што се одржа денеска во Брисел, а на кој учествуваше заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

„РС Македонија го спроведе успешно десеттиот циклус од Економскиот и финансиски дијалог, добивајќи најдобра оценка (55,6% од вкупно 100%) од сите земји учеснички во овој процес во спроведување на дефинираните мерки и реформи во рамки на Програмата за економски реформи. Тоа се реформи дефинирани заедно со ЕУ, реформи кои не приближуваат до ЕУ и создаваат услови за економски раст“, рече заменик-министерот за финансии.

Тој додаде дека овој процес е многу значаен за земјите кои се аспиранти да влезат во ЕУ и дека дава силна поддршка на нивното приближување во ЕУ. Досега РС Македонија, како што посочи, четири пати е лидер во усвојување на реформите (2017,2019, 2020 и 2023). Сега очекуваме овие реформи да добијат уште посилна поддршка преку новиот План за раст на Западен Балкан и дека таа поддршка треба максимално да се искористи.

Програмата за економски реформи 2024-2026 содржи 17 реформски  мерки во шест структурни реформи насочени кон зајакнување на конкурентноста на земјата, одржливоста и отпорноста на економијата, како и зајакнување на човечкиот капитал и социјалните политики. Предвидува фискална консолидација и намалување на дефицитот за 1,6 п.п. до 2026 година и стабилизирање на инфлацијата. Клучни предизвици за земјата се нотирани во областа на неформалната економија, неусогласеност на вештините со барањето на пазарот на труд, како и напредок во зелената транзиција.

Економскиот и финансиски дијалог, според учесниците, и понатаму ќе игра значајна улога во утврдување на заедничките насоки за политики и поддршка за одржливо економско закрепнување и усогласување со економските критериуми за пристапување во ЕУ. Клучно е спроведување на реформите, што ќе биде поттикнато и преку Планот за раст на Западен Балкан и реализација на Реформската агенда, со цел забрзување на економската конвергенција кон ЕУ.

На годинашниот Економски и финансиски дијалог во Брисел учествуваа претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка, како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...