spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

По повод одбележувањето на Денот на МНР и Денот на Европа, Министерството за надворешни работи во коорганизација со Тениска Федерација на Северна Македонија на 12 мај о.г. организираше Дипломатски тениски турнир, под наслов  “Business meets diplomacy”. На спортско дипломатскиот настан кој што се одржa на терените на тенискиот клуб „Југ” учествуваа дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата, претставници на менаџментот на неколку реномирани компании и дипломати од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Спортско дипломатскиот настан беше овозможен со несебична поддршка на неколку општествено одговорни компании, меѓу кои беа Порше Македонија, АД Алкалоид,  АМСМ, Zepter Int. HASS Скопје, Скопска пивара и АД Тиквеш.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...