spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Обуки за подобрување на услугите на администрацијата

Ѓорче Петров: Обуки за подобрување на услугите на администрацијата

Општина Ѓорче Петров ја спроведува последната фаза од обуките за подобрување на услугите од страна на јавниот сектор, односно на вработените преку користењето на моделот CAF.

Целта на работилниците на која учество зема дел од адимистрацијата водена од експетите за CAF, Александра Шантл и Игор Марковски беше преку пленарни сесии и работа во групи, учесниците да се стекнат со знаења за управување со квалитет во јавната администрација.

Користењето на моделот CAF кој претставува алатка за целосно управување со квалитетот ЦУК заснована на Моделот за извонредност на Европската фондација за управување со квалитет, исто така, беше целна точка која вработените ја усовршија преку обуките.

Ова беше еден од основните чекори за почнување процес на постојано подобрување и појаснување на чекорите кои следат за континуиран развој на Општина Ѓорче Петров во областа „управување со квалитет“. Услужноста на администрацијата е особено важна за Општина Ѓорче Петров како локална единица која всушност е првата општина во Република Македонија која ги спроведува и практикува искуствата од обуката, а втора во регионот.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...