spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Реконструирана училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“

Ѓорче Петров: Реконструирана училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведени се менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров. Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...