spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Доделени награди за најдобри Основци и Средношколци

Охрид: Доделени награди за најдобри Основци и Средношколци

Во рамки на одбележувањето на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригодна свеченост на која беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.

Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524001

– На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит и благодарност на првите апостоли на Словените, кои ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е нашата писменост и културниот идентитет. Денес ја имаме честа, токму овде пред нивниот паметник, како охриѓани и македонци да го славиме споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, на нивната несебична работа и визија.

Создавањето на Глаголицата и ширењето на писменоста меѓу Словените значеше почеток на нова ера, …ера во која словенските народи добија можност за образование и духовно воздигнување.

Оваа дејност продолжи и се усоврши преку учениците Свети Климент и Наум Охридски, кои токму тука во Охрид го создадоа најважниот културен и образовен центар на средновековниот свет – Охридската книжевна школа. Овој центар не само што бил светилник на знаењето и духовноста, туку и место каде што се создавала и пренесувала словенската писменост.

Како една нова генерација, која се соочува со бројни актуелни промени и идентитетски предизвици, од особена важност е да го чуваме и славиме делото на Свети Кирил и Методиј и да ја почитуваме нивната света мисија. Тие ни покажаа дека образованието и културниот развој се основата на секое општество и дека преку знаењето и мудроста можеме да изградиме подобра иднина за сите нас. Нека Светите браќа продолжат да бидат наша инспирација во сите понатамошни чекори на патот кон подобра иднина.

Според она што можеме да го видиме овде, денес, помеѓу овие млади и успешни ученици, убеден сум дека нашата иднина ќе биде светла и дека делото на светите браќа ќе продолжи да живее не само овде покрај Охридското Езеро, туку и насекаде во Македонија.  

Упатувам срдечни честитки до сите наградени ученици, кои со својата посветеност постигнале извонредни резултати. Вие сте доказ дека преку вложен труд, секој сон може да стане реалност. Вашите успеси се гордост за сите нас и пример за вашите врсници. Ви посакувам да продолжите да бидете истрајни и посветени и во понатамошното образование.

Почитувани,

На крајот од ова мое обраќање, дозволете ми да ја споделам со вас мојата лична и голема гордост што го носам името на еден од овие Свети браќа и прекрасното чувство на лична обврска да ги почитувам и пренесувам вредностите што тие ни ги оставија.

Нека е честит денешниот празник, нека е вечно името и делото на Свети Кирил и Методиј. Нека е вечен Охрид, нека е вечна Македонија!, истакна Пецаков во своето обраќање.

На настанот, беа доделени околу 300 признанија на ученици од сите основни и средни училишта од Општина Охрид.

Во рамки на чествувањата по повод празникот, претходно во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и се одржа фолклорен концерт.

Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524001
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524002
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524003
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524004
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524005
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524006
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524007
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524008
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524009
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524010
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524011
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524012
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524013
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524014
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524015
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524016
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524017
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524018
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524019
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524020
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524021
Nagradi-Sv.Kiril-i-Metodij240524022

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Поврзано со дезинформациите пласирани во јавноста, а во врска со последниот случај на појава на змија во Идризово, ја известуваме јавноста дека со Законот...