spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје отпочна со изградба на нова атмосферска канализација по улицата 100 во Волково, со што се реализира уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“.
Станува збор за проект со кој се гради нова атмосферска канализација на улицата 100, од кружниот тек со улица 101 до преминот на пругата, во вкупна должина од 1650 метри, каде увид на терен изврши градоначалничката Данела Арсовска со тимовите од Секторот за уредување и планирање на Град Скопје и скопското јавно претпријатие Водовод и канализација.

Со овој проект се разрешува долгогодишниот проблем со кои се соочуваа жителите на ова населено место во општина Ѓорче Петров, каде по обилни дождови, доаѓаше до преоптоварување и излевање на фекални води. Дополнително, со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на новата атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем.

Преку инвестициите во комуналната инфраструктура се надминуваат предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со години и се потврдува програмската определба на Град Скопје за рамномерно развивање, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, особено проекти кои биле потребни, а не биле реализирани со децении.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...