spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: КК “Бутел” е шампион на Македонија

Бутел: КК “Бутел” е шампион на Македонија

КК “Бутел” е успешна спортска приказна. Веднаш при формирањето, клубот направи силен чекор напред, стана шампион во третата државна кошаркарска лига. Фуриозно одиграна сезона со голема доминација над останатите екипи.

Следната сезона КК “Бутел” оди на прво место во втората лига, се што ќе биде потребно ќе биде обезбедено. Како и досега, општина Бутел останува генерален спонзор на КК “Бутел”.

КК “Бутел” беше формиран на заедничка иницијатива на градоначалникот Дарко Костовски, Константин Мартиновски и Стефан Цариќ, спортисти и предводници на клубот на кои градоначалникот им упати честитки за сериозниот и професионален пристап во оваа успешна спортска приказна.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...