Во рамки на Програмата на Секторот за комунални работи, во делот на проект за брзи интервенции и тековни активности, во тек е пополнување на ударни отворени дупки, кои со нивното затворање се добива поголема безбедност пред се на пешаците а и учесниците во сообраќајот. Изведувач на градежните работи е фирмата Електро Коп, а во моментов се работи во Урбаните заедници Влае 1 и 2, Кузман Јосифовски-Питу и Пецо Божиновски-Кочо.
Извор: Општина Карпош