spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Соопштение

Карпош: Соопштение

Соопштение Општина Карпош за разлика од другите надлежни институции иако има минимални надлежности води постапка против диво поставениот луна парк кај базенот Борис Трајковски. За жал, ова дивеење и беззаконие на сопственикот на луна паркот му го овозможуваат претставниците на надлежните владини институции. Истиот не поседува одобрение за работа ниту пак ги има потребните безбедносни сертификати со што не ги исполнува законските услови за да ја врши оваа дејност. 

Тоа значи дека безбедноста на граѓаните, а особено на младите лица е загрозена и можни се животозагрозувачки последици. Затоа општина Карпош апелира до сите граѓани, а особено до младите, да не го користат услугите на овој луна парк затоа што го доведуваат во опасност својот живот. Евентуалните последици заради непочитување на законските прописи и овој наш апел ќе ги сносат корисниците на услугите и неодговорниот сопственик на реквизитите. Со почит, Општина Карпош

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...