spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се реконструираа сите тоалети во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”

Кисела Вода: Се реконструираа сите тоалети во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”

Општина Кисела Вода ги реконструира сите тоалети во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”. Проектот кој во минатата година стартуваше со обнова на санитарните јазли на долниот кат, сега ќе биде заокружен со целосна реконструкција на сите преостанати тоалети.

Неодамна, во дворот на овој објект Општината изгради и спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг, а како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во моментот се подготвува проектната документација за доградба на училиштето со што, сите ученици ќе одат во прва смена.

-Ги реконструираме сите тоалети во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”! Грижата за нашите деца, се огледува преку континуираните проекти за унапредување на условите во образовните објекти кои се појдовна станица за нивниот интелектуален развој. Во ова училиште, претходно ги реконструиравме тоалетите на долниот кат. Извршивме промена на санитарните елементи, го реконтруиравме и подот, како и ѕидовите и плафонот. Продолжуваме и на другите катови, со што ја заокружуваме целата реконтрукција на сите тоалети во училиштето кои беа во катастрофална состојба години наназад.Изразувам огромна благодарност до Светска банка за поддршката на овој проект кој значи подобрување на условите во училиштето и грижа за учениците.Дополнително, сакам да најавам дека во овој момент ја припремаме проектната документација за доградба на училиштето со што, со зголемување на капацитетот сите ученици ќе одат во прва смена.Исто така, во дворот на овој објект изградивме  и спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг.Продолжуваме силно и посветено со подобрување на условите во образовниот процес, бидејќи влогот во најмладите е влог во иднината-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Карпош: Соопштение

0
Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа...