spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Ликовна изложба за убавините на Кожув „Планината предизвик, авантура“

Гевгелија: Ликовна изложба за убавините на Кожув „Планината предизвик, авантура“

Во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, беше поставена Ликовната изложба „Планината предизвик, авантура“ во организација на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија. За што, беше распишан конкурс со натпреварувачки карактер, а пристигнаа 193 цртежи од учениците од основните и средните училишта во Гевгелија и Богданци, оценети од стручна комисија во состав на наставници по предметот Ликовна уметност.

Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, којшто го истакна своето задоволство од талентираните ученици и колоритните цртежи коишто ги истакнуваат убавините на планината Кожув:

– Ми беше чест да бидам бидам дел од изложбата организирана од ЗПСК „КОЖУФ“- Гевгелија во соработка со основните и средните училишта од нашиот град, којашто имаше за цел пренесување на нашата богата природа на лист и да се зголеми интересот за приклучување во акциите за планинарење. Браво за младите таленти од Гевгелија, кои со преголем ентузијазам и 193 цртежи, учествуваа на повикот за избор на најдобар цртеж.

Најдобрите три цртежа беа наградени од страна на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија, во соработка со спонзори.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...