spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: 3 работен состанок на управниот одбор на проектот „Одржливи услуги за...

Битола: 3 работен состанок на управниот одбор на проектот „Одржливи услуги за управување со отпадот на локално ниво“

Во општина Битола се одржа трет работен состанок на управниот одбор на проектот „Одржливи услуги за управување со отпадот на локално ниво“ Проектот се имплементира со поддршка од „SALAR International“ кој е дел од Шведската асоцијација на локални власти и региони. Во рамките на овој проект, во досегашниот период беше изготвен локален акциски план за управување со отпад за периодот 2024 – 2025 година, кој претставува важен документ за поддршката во процесот на преземање на конкретни мерки за подобрување на состојбите во општината. Во своето обраќање, градоначалникот на општина Битола, истакна дека општината, веќе реализираше голем дел од планираните активности за 2024 година.

„Општина Битола, високо на листата на своите приоритети ја поставува грижата за животната средина, а со тоа и мерките и конкретните активности, кои ќе резултираат со мерливи индикатори за постигнатите резултати. Во системското делување, секако неопходна е меѓуинституционална организација и координација помеѓу сите вклучени субјекти, на локално и регионално ниво, со цел да може да се направи сеопфатна анализа, да се детектираат клучните проблеми во делот на управувањето со отпадот и согласно тоа, да се изврши соодветна приоритизација на целите кои треба да бидат постигнати со преземање на конкретни акции.

Изработката на локалниот акционен план, токму во наведените насоки, врши детектирање на клучните недостатоци и проблеми во делот на управувањето со отпад, стратешки дефинирајќи го начинот на обезбедување услуги на што е можно повеќе корисници, воведување на систем за селекција на отпад и собирање на посебни текови на отпад, намалување на количините на органски отпад што завршуваат на депонија, како и изградба на депонија согласно европските стандарди, затворање и санација на ѓубришта и обезбедување приходи кои целосно ќе ги покријат трошоците за управување со отпад.

На овој начин, ќе се постигне зголемена заштита на природните живеалишта, ќе се подобри квалитетот на водата и почвата, ќе се елиминира негативниот тренд на создавање диви депонии, а преку намалување на емисиите на прашина и загадувачки супстанции, ќе се подобри квалитетот на возухот, но и визуелниот аспект на општината и регионот, што е особено значајно за здравјето на луѓето, но и за туристичка привлечност и економски бенефет за граѓаните и бизнис секторот“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Акцискиот план, Општина Битола го реализира во соработка со ЈП Комуналец, а координаторот на работната група ги презентираше резултатите од досегашната работа:

„Во делот на обезбедување услуги, Општина Битола ја формира работната група и истата е во комуникација со Јавното комунално претпријатие кое во координација со надворешните засегнати страни односно месното население во руралните средини, во изминатиот период вршеше ажурирање на листата на новите корисници  кои не се опфатени со нивната услуга.

Преку проектот БАИР – здружена акција на Битола за вклучување на Ромите финансиран од Европска унија беше извршено мапирање на пречките и надминување на проблемите во непристапните терени во битолската населба Баир каде што доминантно е ромското население. За потребите на граѓаните во тој дел од градот преку проектот обезбедено е возило за комунален отпад, а потоа истото беше дадено на Јавното комунално претпријатие за да стопанисува со него.

Општина Битола и Пакомак ДОО склучија Договори за соработка и донација со цел поставување на вендинг машини на територијата на општината.

Во Програмата за животна средина на општина Битола за 2024 година обезбедени се 300.000 денари за субвенционирање на зелени поени на оние граѓани кои ги користат вендинг машините и вршат селекција и рециклирање на пластични шишиња и алиминиумски лименки. Собраните зелени поени потоа им се исплаќаат на корисниците во денарска протививредност. Крајната цел е подигнување на јавната свест за бенефитите од селекцијата и рециклирањето на отпадот од пакување.

ЈП Комуналец во соработка со општина Битола оваа година изврши набавка на:

– 100 садови за собирање на отпад и изврши замена на старите садови во Централното градско подрачје.

– нови 300 канти  од 120л и

– околу 250 канти од 150л распределени по домаќинства“, истакна во презентацијата координаторот на работната група Стојче Дојчиновски.

Покрај наведените активности, Дојчиновски истакна дека за почетокот на идната учебна година, планирани се и едукативни активности за учениците, а во соработка со Пакомак до сите домаќинства преку месечните сметки за извршени услуги од јавните претпријатија испратени се флаери за подгнување на јавната свест на населението за рециклирање и селекција на отпад од пакување.

Во делот кој се однесува на мапирање на општински ѓубришта општинскиот инспекторат во соработка со јавните претпријатија и јавното комунално претпријатие како носител на дејноста вршат редовно мапирање и собирање на податоци за општинските ѓубришта односно помали и поголеми депонии, за кои изработен е и Регистар.

Депониите редовно се чистат и до 10 пати годишно, но наспроти тековната и редовна работа на претпријатието, Општина Битола во соработка со Министерство за животна средина, Пивара, Пакомак, Министерство за локална самоуправа, Бимилк, Мен анд маунтаин како главни носители на Генералка викенд веќе трета година по ред учествуваше во настан за подигнување на јавната свест помеѓу населението во урбаните и месните заедници, основните и средните училишта, здруженијата, се со цел селектирање на отпад и чистење на дивите депонии.

Оваа година исчистени се преку 10 диви депонии, а на настанот учествуваа повеќе од 15 средни и основни училишта, подрачни училишта, културно уметнички друштва, при што беше собран е околу 250м3 мешан отпад и помала количина количина кабаст отпад, хартија, пластика и друго.

Општина Битола како главни цели за оваа област во периодот што претстои, има планирано: искористување на сите донаторките поддршки за подобрување на состојбите, спроведување и учество на јавни повици поврзани со управување со отпадот, како и користење на искуствата од странски стручни лица во целосна координација со претставниците на САЛАР.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Пробиштип: Прскање против комарци 21 јуни

0
На 21.06. 2024 (петок) во раните утрински часови предвидено е прво авионско третирање на територија на општина Пробиштип. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и...