spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Увид на градежните активности за изградба на детската градинка во АРМ

Битола: Увид на градежните активности за изградба на детската градинка во АРМ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на градежните активности за изградба на детската градинка во АРМ, каде се финализира првата фаза од изградбата. Во моментот се работи на кровната конструкција и дограмата, по што ќе следува отпочнувањето на втората фаза за внатрешно уредување на просторот.

При увидот на градежните работи беше констатирано дека, по надминувањето на проблемите со земјиштето градежните работи напредуваат со задоволителна динамика, согласно планираните рокови. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека завршувањето на изградбата и адаптацијата на објектите предвидени за детски градинки е од голема важност, заради надминување на проблемите со долгите листи на чекање во детските градинки.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...