spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Регионалната антикорупциска иницијатива

ДКСК: Средба со Регионалната антикорупциска иницијатива

Претседателската и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржаа средба со раководителот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) Десислава Гоцкова.

На средбата, стана збор за досегашната соработка на ДКСК со Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) како и за можностите за продлабочување на истата.

Раководителот на Секретаријатот на РАИ Гоцкова ги информираше претседателката и членовите на ДКСК за започнатата имплементација на проектот AID, проект кофинансиран од Европската комисија во рамките на програмата ISF, координиран од Центарот за безбедносни науки и Универзитетот во Тренто во Верона, а кој ќе се имплементира соработка со неколку антикорупциски тела од регионот, чија цел  е да им обезбеди на земјите-членки на ЕУ и земјите кандидати иновативни знаења и алатки за проценка и подобрување на влијанието на националните системи за AID (Asset and Interest declaration system). Притоа, таа изрази интерес  ДКСК, во рамки на проектот,  да биде вклучена како пилот институција во изготвување на Методологијата за мониторинг и евалуација на изјавите за имотна состојба и интереси. Од страна на претседателката Димитровска и членовите на ДКСК беше искажана благодарност за покажаниот интерес за вклучување на  ДКСК во имплементација на проектот  како пилот институција.

Гоцкова, исто така,  информираше и за преземените чекори  од страна на останатите држави потписнички на  Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба при што ја истакна важноста  од ратификација на договорот од страна на сите потписнички на договорот.

На крајот,  обострано беше изразено задоволство од средбата и нагласена потребата за продолжување на  меѓусебната комуникација во насока на интензивирање на соработката.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...