spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година

МОН: Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година

Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија започна програма за стипендирање на државјани на Република Северна Македонија за академската 2024/2025 година.

Владата на Романија доделува 5 стипендии за магистерски студии, 5 стипендии за докторски студии и 5 стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација.

Апликациите за овие стипендии треба да се доставуваат до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 05 јули 2024 година.

Сите потребни информации за овие стипендии како и формуларот за апицирање, заинтересираните кандидати можат да ги преземат тука.

Контакт лице

Александар Тутновски

Е-маил: аleksandar.tutnovski@mon.gov.mk

Тел: 076 485 053

 Application Form 2024-2025.docx

 Information scholarship grants_EN.docx

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...