spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗапочна оценската мисија за имплементација на заедничкиот акционен план на Западен Балкан

Започна оценската мисија за имплементација на заедничкиот акционен план на Западен Балкан

Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), со брифинг започна оценската мисија за имплементација на Заедничкиот акционен план на Западен Балкан за борба против тероризмот.

Државната секретарка на СЕП, г-ѓа Дрита Абдиу-Халили, изјави дека позицијата на нашата земја останува клучна кога станува збор за оценските мисиите, бидејќи тие се многу важни во однос на идентификување на областите од најголема важност, и обезбедуваат објективна анализа на моменталната состојба во одредена област.

Се согласивме дека областа на борбата против тероризмот во рамките на Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, заедно со Поглавјето 23 – Судство и фундаментални права, се основниот теми на реформите за владеење на правото, кои ќе ја постават динамиката и напредокот во преговори за членство.

Извор: Секретаријат за Европски прашања

Прочитајте