spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Четвртооделнците од ООУ „Лазо Трповски“ се вратија со награда од Берлин

Карпош: Четвртооделнците од ООУ „Лазо Трповски“ се вратија со награда од Берлин

Учениците од 4в одделение од ООУ „Лазо Трповски“ (општина Карпош) освоија награда во рамки на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024, кој традиционало се одржа во Берлин (Германија). Станува збор за заедничкиот проект „Летаме со Ербас“,  кој го изработија четвртоодделенците во координација со двајцата наставници – ментори, Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.

Главен организатор на натпреварувањето беше Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија и Сојузната конференција за образование и истражување на Германија. Во организацијата на ова елитно натпреварување учествуваа и реномираните Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони „Ербас“).

Инаку, конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение, годинава ја донесе деветчлено стручно жири.  Поточно, за квалитетот на изработените проекти одлучуваа претставници на организаторот, универзитетски професори (астрофизичари), наставници, германски владини претставници, германски парламентарци, медиумски работници и претставници на концернот Ербас.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...