spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Злато за ООУ ,,Јан Амос Коменски” на општинскиот натпревар по прва...

Карпош: Злато за ООУ ,,Јан Амос Коменски” на општинскиот натпревар по прва помош

Во рамки на општинскиот натпревар по прва помош, кој се одржа минатата недела во паркот на Општина Ѓорче Петров, а во организација на Црвениот крст Карпош, учениците од ООУ ,,Јан Амос Комеснки”,  го освоија првото место  помеѓу општинските училишта од Карпош и Ѓорче Петров.   Основците, кои беа обучувани од лица волонтери од Црвениот крст Карпош, ја покажаа својата подготвеност и тимска работа на овогодинешниот општински натпревар, а кои ќе имаат можност достојно да ја представат  Општината на  Регионален натпревар по прва помош.

Имено, на натпреварот учествуваа 23 екипи од основните училишта од двете општини, а победничкиот тим беше составен од Никола Божевски-капитен, Ива Ивановска, Андреа Стевоска, Миа Џидрова, Ања Цветковска, Максим Ампов, Илин Митковски, а кои беа предводени од проф. Елизабета Теодосиевска , одговорен наставник за Клубот на Црвениот крст.

Тимската работа и одличната координираност беше наградена и со диплома за најдобар тим.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...