Им се соопштува на граѓаните на Општина Македонски Брод дека на ден 07.06.2024 година (петок), на територијата на Македонски Брод, екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп, ќе спроведе ларвицидна дезинсекција. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени површини како во градското подјачје, така и на периферијата од градот.
Покрај ларвицидната дезинсекција ќе се спроведува и превентивна дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди), а предмет на третирање ќе биде подземниот канализационен систем на градот.
Извор: Општина Македонски Брод