spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градот Скопје продолжува со системските решенија во инвестиции за подобрување и развој на локалната велосипедска инфраструктура во Скопје. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со екипите од скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, извршија увид во градежните работи за реконструкција и пробивање на пешачките и вело патеки на бул. Александар Македонски, покрај надвозникот „Естекада“.

Со реализација на овој проект целосно се реконструираат оштетената велосипедска и пешачка патека, на површина од 1200 метри квадратни со што се зголемува безбедноста и сигурноста на пешаците и велосипедистите, како и за поефикасно поврзување на жителите меѓу населените места.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Карпош: Соопштение

0
Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа...